| четврток, 6 декември 2018 |

Клекоски и Божиновски едногласни: ВМРО-ДПМНЕ беше исклучено од целиот процес за договорот и референдумот

Аналитичарите Сашо Клековски и Владимир Божиновски едногласни во објаснувањето зошто ВМРО-ДПМНЕ има несогласување со договорот и со референдумот во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема.
Владимир Божиновски истакнува дека власта не би размислувала дали ќе се исполни цензусот доколку прашањето за референдумот беше договорено со опозицијата, а референдумот беше задолжителен.
Клековски пак забележа дека ВМРО-ДПМНЕ мораше да биде дел од целиот процес бидејќи тие се клучни политички чинители во Македонија. Донесоа одлука без вклученост на ВМРО-ДПМНЕ истакнува тој и уште повеќе ја комплицираа ситуацијата поради тоа што го направија референдумот консултативен, а како таков не може да биде историски.
– Ако побарам само мислење не може да биде историско, ако беше историско сите пратеници ќе гласаа за одлуката за референдум и ќе беше задолжителен, потенцира Клековски.
-Консултативен е оксиморон со историски, додаде тој.
За крај тој порача дека власта допринесе да се случува ова што се случува во анкетите, ставот против да се прелива во ставот апстинирам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top