| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Арачиново: Дваесетгодишник со „Форд“ се забил во куќа

Вчера околу 11 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, на улица „1“, патничко моторно возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Н.С. (20) од село Арачиново, скопско изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид од куќа.

Во незгодата сопатникот од возилото на возраст од 16 години од село Танушевци, скопско се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додека возачот се здобил со телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top