И министерот на Велика Британија за Европа и Америка, Алан Данкан, денес во посета на Македонија, со поддршка за референдумот.
Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои денес во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров.
Сер Алан Данкан и Димитров, како што соопшти МНР, ќе се осврнат и на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит.
Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај, нагласува МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст