Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг. На средбата, соопшти владината прес-служба, била изразена поддршка за успешен референдум.
Германскиот пратеник Сарацин, оценил дека ова е најдобрата година што можеше да и се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.
– Заеднички е констатирано дека сите политички субјекти и граѓани во државата треба да покажат одговорност, за остварување на овие стратешки државни цели, стои во соопштението.
Премиерот Заев изразил очекување дека референдумот ќе биде успешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст