| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Елмас стана најмлад стрелец во Фенербахче и сруши рекорд стар 30 години

Екипата на Фенербахче ја прекина негативната серија и минимално славеше на вчерашното гостување кај Коњаспор со 0-1 и тоа благодарение на погодокот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас влезе во игра во второто полувреме, но не му требаше многу, после само 5 минути игра успеа да се запише во листата на стрелци и да му донесе големи три бода за клубот од Истанбул.

Со постигнувањето на голот, тој си обезбеди место во историјата на Фенер како најмлад фудбалер кој постигнал гол во турското првенство, со што го урна стариот рекорд кој е од далечната 1988 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top