| четврток, 6 декември 2018 |

По една деценија, сопругата на Вуди Ален прозборе за семејната драма

Магазинот „Њујорк” стана најновото бојно поле во војната меѓу Вуди Ален, Миа Фароу и нејзините деца.

Познатиот магазин се подготвува да го објави интервјуто со Сун-Ји Превин, која беше посвоена од Миа Фароу, а потоа се омажи за Ален – во скандалот што го разори семејството, пишува „Пејџ сикст“.

Дилан Фароу – која го обвини својот очув дека ја злоупотребил кога имала 7 години (тврдење кое Ален жестоко го негира, а истрагата покажа дека таа не е сексуално нападната), имено, била бесна поради излегувањето на приказната.

Според луѓето кои се запознаени со нејзините размислувања, Дилан смета дека текстот е напишан од страна на авторката која ја одбрал Вуди Ален, бидејќи таа сочувствувала со него. Написот, објавен денеска, го напиша Дафне Меркин, пријателка и обожавателка на познатиот режисер.


Но, претставниците на магазинот „Њујорк” тврдат дека Сун-Ји Превин ја споделува својата приказна за првпат. „Се надеваме дека луѓето ќе причекаат со предрасудите додека не ја прочитаат статијата.”


Скандалот е повторно во центарот на вниманието поради движењето #MeToo, но исто така и поради тоа што братот на Дилан Фароу, Ронан, е еден од водечките новинари во движењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top