Вчера околу 12 часот пријавено е дека на место викано „Гропа“, атар на с. Франгово, струшко, Б.Х. (36) од Република Албанија, додека собирал дрва, на него паднало дрво. Од ударот тој се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде од страна на медицинска екипа бил направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот.
Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт. По Наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст