| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец од Канада донираше 100.000 долари за бојкот на референдумот

Македонците од Канада даруваа над 145 илјади канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

Загрижени за состојбите во татковината Македонија, на две недели пред најавениот референдум, а со цел и единствена порака до Македонците во целиот свет за бојкот на истиот, македонските здружени патриотски организации од Торонто одржаа семакедонски донаторски коктел.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето.

Целиот настан беше помогнат од македонски бизнисмени, покровители на вечерта кои и овојпат ја искажаа својата несебична љубов кон татковината.

Македонската заедница во Канада за поддршка на кампањата на македонските патриотски здруженија во Македонија собра над 145.000 канадски долари.

Најголемиот македонски дарител од Канада е познатиот бизнисмен Крсте Ивановски кој заедно со неговото семејство донирале 100.000 долари за кампањата за бојкот на референдумот во Македонија.

-Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ – истакнал Ивановски.

НоваМакедонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top