| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Одлучете по сопствено убедување и придружете ни се, нема сила која нешто може да ви направи

За среќа, историјата е наука и не подлежи на слободните интерпретации и медиумски спинови на Заев, па сигурно во иднина ќе се врати да не истражува и нас и нив, и нашите и нивните зборови и дела и ќе ги гледа фактите. Еден ден сите ние ќе бидеме нечија историја, на нашите деца и внуци, и се што сакаме е таа историја да биде заснована на македонската вистина, да ја пишуваме на македонски, да ја изучуваме на македонски… Ве прашувам: Многу ли е тоа? Неразумно ли е тоа?

Токму од овие причини, нашиот став за Референдумот ги збунува. Слободата не им е близок концепт, порала претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Штип

Викаат дека немало план Б. Ќе кажам нешто за планот А кој е поважен од планот Б. Планот А, прв и најважен е овие луѓе кои ја водат нашата држава да си заминат од власта која ја имаат заграбено, зошто само така на Македонија ќе и тргне и само така Македонија ќе зачекори вистински кон Европа.

Пред нас е период во кој можеме да покажеме дека сме едно, дека не води една мисла, дека имаме еден пат и дека немаме друга алтернатива, за да им ја предадеме нашата роднина на идните генерации единствена и достоинствена, а не омаловажена и понижена.

„Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни една од друга потуѓи…”, го цитираше Мицкоски Гоце Дечев и им се обрати на членовите на СДСМ.

  • Точно е дека се разликуваме во нашите светогледи, имаме различи политички погледи, но заедничка ни е Македонија и поважна од било која партија. И знам дека ова денес не е СДСМ, ова што и се случува на Македонија е само Зоран Заев и таа тесна клика околу него која се бори за своите лични кариери. Не ги слушајте и одлучете по сопствено убедување и придружете ни се, сочувајте го достоинството. Не е ова прашање за тоа кој ќе биде на пратеничките листи, или директор или функционер, тука се работи за нашата земја Македонија која што ве школувала, одгледала, ви дала можност да напредувате и да создадете семејства. Придружете ни се отворени ви се вратите, оставете го Зоран Заев и кликата околу него. Ова се историски времиња, и само оние кои не сакаат да разберат што сакам да кажам се прават дека ВМРО не ги оправдува очекувањата. И го напаѓаат, заборавајќи дека државата има еден проблем тоа е Заев. Ве повикувам да останете принципиелни, чесни и искрени само така никој ништо не ни може, никој ништо не ни смее. Нема сила која нешто може да ви направи, бидете достоинствени и горди. 

Мицкоски на крајот им се обрати и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ве повикувам да бидете горди и бескомпромисни во чувањето на нашата Слобода! Зашто ние не сме ниту неконструктивен елемент, Ние не сме ниту пазарџии како Заев, Ниту пак се занимаваме со лаги и манипулации.

Сите вие кои во срцето ви е Македонија,

Сте луѓе на организацијата, а организацијата е на народот,

И Ние и служиме единствено на Македонија!

Исправено, гордо, пркосно против неправите.

На 30-ти септември слушајте го срцето и постапете како што вели разумот.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Да живее Република Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top