| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени крадци што краделе во цркви и викендици

Секторот за внатрешни работи Скопје, до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.У.(36), С.Ш.(18) и С.Љ.(19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против Б.Е.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 254.500 денари.

Како што соопшти МВР, тројцата првопријавени делата ги извршиле во периодот од 18 јули до 27 август 2018 година. Првото дело го извршиле во викенд куќа во с.Горњани каде со употреба на сила влегле и одзеле разни предмети за домаќинство, додека останатите пет кражби ги извршиле во црквите Св.Јован во с.Булачани, Св.Троица во с.Чучер, Св.Петка во с.Кучевиште, Св.Недела во с.Кучевишка Бара и во црквата Св.Богородица во с.Бразда.

По извршување на кривичните дела, пријавените дел од украдените предмети му ги продавале на четвртопријавениот Б.Е. – сопственик на див отпад, а дел задржувале за себе или ги продавале на непознати лица.

По преземени мерки пријавените биле пронајдени и лишени од слобода. Во разговор во полициска станица ги признале делата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top