На социјалните мрежи се споделува една интересна приказна која решивме да ја споделиме со вас.
Таа се однесува за сите жени, мајки, дами…
Поентата на приказната ќе ја сфати можеби секој различно, а можеби и некој ќе го освести, дека сепак животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, ветрот во вашата коса, снегулките на вашето лица, капките дожд.
Содржината во прилог:
„Мои дами,
Запомнете дека слојот прашина го штити дрвото кое се наоѓа под него. Куќата станува дом, кога на мебелот ќе можете да напишете „те сакам”.
Имав навика секој викенд да поминам барем осум часа чистејќи, бидејќи сакав се да биде совршено, во случај некој да не сака да дојде кај мене.
Конечно еден ден сфатив дека никој не дојде, сите беа некаде надвор, живеејќи го животот и забавувајќи се.
Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им ја појаснувам состојбата на мојот дом, сите се воглавно заинтересирани за работите кои сум ги правела или ги правам додека живеам и се забавувам.
Доколку тоа се уште сами не сте го сфатиле, ве молам послушаајте го овој совет: Животот е скапоцен. Уживајте го! Чистете колку што морате…
Зарем не би било подобро да насликате слика, да напишете писмо, да испечете колачи или да посадите цвеќе. Научете ја разликата меѓу сакам и морам!
Чистете колку што морате… но немате премногу време… за реките кои можете да ги препливате, планините, на кои можете да се качите, музиката, која сакате да ја чуете, пријателствата, кои сакате да ги задржите и животот, кој сакате да го живеете.
Чистете колку што морате, но животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, ветрот во вашата коса, снегулките на вашето лица, капките дожд… Овој ден нема да се повтори!
Чистете колку што морате, но имајте на ум…Староста ќе дојде и таа не е љубезна, а кога трошното тело ќе не напушти, тоа ќе направи само уште повеќе прашина. Прашината нека оди кај прашината, душата бара љубов и радост.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст