Сите политички партии во Македонија во 2008 година биле против предлогот на медијаторот Метју Нимиц за име со географска одредница за употреба во меѓународни организации и со држави кои веќе не’ признале под уставно име. Според тајните документи на Викиликс, што екслузивно ги објави Алфа, овој предлог, за сите политички чинители бил оценет дека е само во полза на Грција.
Документите говорат дека на средбите што заменик американската државна секретарка за Европа и Евроазија Розмари Ди Карло, ги имала со тогашната власт, шефот на државата и другите партии, таа барала поголема флексибилност за предлогот на Нимиц за името, стои во телеграмите пренесени од Викиликс што тогашната амбасадорка на САД, Џилијан Миловановиќ, ги испраќала до своите претпоставени во Вашингтон.
– Ди Карло го посети Скопје на 27-ми јуни и поединечно се сретна со премиерот Груевски, МНР Милошоски, Претседателот Цвенковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи, потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули и преговарачот за името Никола Димитров. Таа бараше од сите партии поголема флексибилност во преговорите со Грција, но сите соговорници подвлекоа дека последниот предлог на медијаторот Нимиц е премногу насочен во корист на грчката позиција за да биде прифатен од Македонија, стои во документот на Викиликс.
Дека Македонија може да има подобра позиција од аспект на интересите на државата, со што ќе се заштити идентитетот на македонскиот народ, сметал и тогаш официјалниот преговарач за името, сега актуелен шеф на дипломатијата Никола Димитров, пишува во документот на Викиликс. Димитров, бил свесен дека во наредните неколку месеци нема да има решение на спорот со името, но потенцирал дека владата ќе изнајде начин подобро да ја презентира својата позиција и да добие меѓународна поддршка.
– Официјалниот преговарач за името, Никола Димитров се сретна со (заменик американскиот државен секретар Розмари) ДиКарло, откако присуствувал на средбата која што Црвенковски ја имал со Нимиц. Димитров рече дека новиот предлог на Нимиц вклучувал различни можни геогравски модификации кои би биле употребувани за целосна меѓународна употреба, вклучувајќи ја и билатералната употреба со државите кои веќе ја признале Македонија под уставното име. Димитров рече дека овој предлог бил премногу пристрасен во грчка полза, за истиот да биде прифатен од страна на Владата на Македонија. Како резултат на тоа, Димитров беше убеден дека нема да има решение во следните неколку месеци. Во меѓувреме, Димитров подвлече, Владата на Македонија ќе се обиде подобро да ја презентира својата страна во однос на името пред европските лидери и медиуми, со цел да обезбеди поголема меѓународна поддршка, пишува во документите.
(извор – Алфа Тв)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст