| четврток, 6 декември 2018 |

Никаква безбедност во училиштата, претепано уште едно дете

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.П. (38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09,45 часот во близина на средното училиште „Боро Петрушевски“, неговиот 15 годишен син физички бил нападнат од страна на неколку малолетни лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Ова е последен во низата на инциденти во Скопје каде малолетници се нападнати од нивни врсници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top