| четврток, 6 декември 2018 |

Николоски: Имаме договор кој ѝ овозможува на Грција вечно да нè блокира за влез во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во телевизија Алсат во емисијата 360 потенцираше дека членот 8 од капитулантскиот договор ѝ обезбедува на Грција механизам за вечно блокирање на членството на Македонија во ЕУ. Тој ја спомена ресорска комисија на експерти од двете влади, која ќе треба да направи ревизија на историјата и археологијата. Според него токму поради оваа комисија, секој пат кога некој македонски научник ќе напише нешто што на Грците нема да им се вклопува во нивната мегали идеја, Македонија нема да може да отвори ново поглавје од преговорите со ЕУ.

-Треба да се направи меѓуресорска комисија на експерти од двете влади, која што треба да направи ревизија на учебниците, на учебните помагала, на научните книги, на работите кои што се однесуваат на историјата и археологијата и два пати годишно да дава извештаи. Но да преведам што ќе значи ова. Ова ќе е механизмот за блокирање на нашето членство во ЕУ. Затоа што секогаш кога некој наш научник ќе извади работа која што на Грците не им се вклопува во нивната мегали идеја тоа ќе значи блок на отворањето на следното поглавје. Значи немаме договор кој обезбедува членство во ЕУ, туку имаме договор кој што значи вечно блокирање на членството во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top