Жариштето од ураганот Флоренс денеска пристигна до копното во близина на градот Рајтсвил во сојузната држава Северна Каролина, соопшти Американскиот центар за набљудување на ураганите. Флоренс останува ураган од прва категорија, со брзина на ветрот во жариштето од 150 километри на час.
Метролозите нагласуваат дека најсериозна опасност од ураганот претставува количеството на врнежи, а не јачината на ветрот, па се очекува дождот да предизвика катастрофални поплави. Националниот центар за урагани во Мајами предупредува дека Флоренс ќе донесе големи поплави во поголемиот дел на крајбрежјето на Северна Каролина.
Најмалку 70 лица беа спасени од еден хотел во Северна Каролина, загрозен од ураганот. Тие се преместени во засолниште и никој не е повреден, соопштија официјални лица од градот Џексонвил. Компанијата „Дјул енерџи“ проценува дека и до три милиони домови ќе останат без струја.
Флоренс, чиј пречник во моментов изнесува 400 километри, ќе ги погоди подрачјата на кои живеат околу 11 милиони Американци. Досега се откажани околу 1.200 авионски летови, а експертите проценуваат економска штета од 10 до 60 милијарди долари.
Во Северна и Јужна Каролина во моментов се наоѓаат припадници на брзата помош од Калифорнија, Флорида и државите од подрачјето на Нова Англија, кои се подготвени да влезат во погодените подрачја кога условите го дозволуваат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст