| четврток, 6 декември 2018 |

Србин си го заглавил „Поршето“ на скали во Риека – Барал паркинг, па станал виц на денот (фото – видео)

Седумдесет и две годишен белграѓанец станал виц на денот во Риека кога во понеделникот барајќи паркинг низ градот, го заглавил своето скапо возило на скали. Како што јавуваа хравските медиуми, непознавањето на градот на возачот било клучно за да му се случи оваа несреќа, па пратејќи во својот ГПС систем, завршил на скали.

– Најпрво ни дојде смешно, но кога им се доближивме на луѓето во колата, сфативме дека станува збор за туристи. Возачот ни кажал дека барал паркинг, па отккао се качин на тротоарот, не внимавал и се спуштил во скалите, по што отана на нив, изјавил еден очевидец на несреќата.

Наскоро стигнала шлеп службата и го отстранила возилото од скалите за срамот на возачот да биде што помал бидејќи голем број на граѓани се собрале на местото на незгодата и почнале да прават селфи фотографии и видеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top