| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот на Лајпциг ги казнува фудбалерите со „тркало на несреќата“, тренинг во фустан од балерина е најлошата

Германскиот тренер, Ралф Рангник има неверојатни методи на работа во Ред Бул Лајпциг, па тој смислил интересен начин како да ги казнува своите фудбалери, кои го заслужуваат тоа.

Клупските правиле обично се многу строги, па секое доцнење на тренинг или било каква недисциплина се казнува парично. Сепак, германскиот тренер смисли нешто поинакво за своите недисциплинирани фудбалери. Во клупските простории на Лајпциг е поставено „Тркало на несреќата“. Секој кој заслужува казна, мора да го заврти тркалото и да ја чека својата казна.

Дел од можните казни се работа во клупската продавница, да се служи храна во клупската кафетерија, да се водат туристички тури на стадионот, да се коси тревата на терените за тренинг, да се купуваат подароци за членовите во клубот, а најтешката казна е тренинг во фустан од балерина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top