| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубени телата на мигрантите кои пред три месеци загинаа кај Бучим

Изчезнаа телата на двајцата мигранти кои на 25 јуни годинава загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип во близина на рудникот Бучим, известува „Нова“.

Двајца загинати и 17 повредени мигранти во сообраќајката кај Радовиш

Повеќе од два месеца никој не знае каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата.

Во невладината организација Легис велат дека не можат да ги најдат телата и да ги погребаат по муслиманските обичаи како што барале нивните семејства.

„Не знаеме каде се телата , тогаш од верската заедница рекоа дека ќе ги погребаат во Штип. Ги прашуваме оџите дали ги викнале, нема такво нешто. Ги бараме за да бидат погребани според муслиманските обичаи бидејќи тоа е според основните човекови права, тоа им следува. Се обидуваме во институциите да дознаеме каде се, но никој не знае да кажа каде се телата“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Прочитајте ја целата сторија на „Нова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top