| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалци апсат активисти: Пет години спијат на дрвја и не дозволуваат да се отвори рудник (ФОТО)

Германските специјалци растеруваат екологисти кои живеат на куќи на дрвја во близина на Келн.

Полицијата го демонтира нивниот логор поставен пред пет години во знак на протест против изградбата на рудник за јаглен во старата шума. Полицијата користеше и хидраулична платформа поставена на камион за да ги натера активистите да ги напуштат куќичките на дрвја во шумата Хамбах, западно од Келн.

Компанијата за ископ на јаглен земјиштето на кое е шумата го купила пред неколку десетици години и на него планира да го прошири ископот на јаглен. До сега е исечен голем дел од шумата, а активистите за заштита на животната средина се обидоа да го спасат малиот дел од старата шума што не беше зафатен од ископот.

Тие бараат од компанијата да не ја сече шумата барем до крајот на годината до кога германската влада треба да се изјасни дали и натаму земјата ќе користи јаглен како енергенс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top