Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф. (35) од село Студеничани, скопско, поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. На 11 Септември во 01. часот на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија е сопрено патничко моторно возило “БМВ” управувано од пријавениот кој се обидел да го напушти местото на настанот, но од страна на полициски службеници бил лишен од слобода.
При проверка во возилото пронајдени се 10 лица, илегални мигранти на возраст од 16 до 35 години од Пакистан и Авганистан. Пријавениот лицата ги превезувал од село Негорци, гевгелиско со намера да ги превезе до границата кон Р. Србија.
(фото – архива)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст