Меѓународниот саем на уметност „Ин ситу“ ќе се одржи петти пат од 13 до 15 септември во Младинскиот културен центар- Скопје. На отворањето закажано за вечерва, четврток 13 септември во 21 часот на платото на МКЦ, публиката ќе има можност да проследи содржини од трите програмски категории на саемот: визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Годинешната ликовна поставка на саемот е курирана од Ана Франговска, поставката за дизајн ја курира Драган Христов, а куратори на програмата за архитектура се Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.
Оваа година саемот ќе претстави повеќе од 60 автори учесници по потекло од 10 земји учесници, како и две предавања од областа на архитектурата на „Фала ателје“ од Порто, Португалија, и ФАКТ од Берлин, Германија.
Жири-комисијата во која оваа година членуваат Небојша Вилиќ, Ана Ивановска Дескова и Мартин Штефенс (Берлин) ќе награди двајца учесници од ликовната поставка со учество на фестивалот за уметност 48 Stunden Neukölln.
По официјалното отворање, следува диџеј-сет на Зоки Бејбе и белградскиот диџеј 33.10.3402 – Ненад Марковиќ.
Влезот е бесплатен, a саемот е од продажен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст