| четврток, 6 декември 2018 |

Прегладнета мајка ги лаже ќерките дека јадела кај соседите за тие да имаат да каснат повеќе

Мајка на две ќерки моли за храна и облека за децата. Живеат во Крива Паланка во куќа која на се личи освен на дом. Нејзините две дeвојчиња никогаш во животот немале нова облека ,никогаш не биле доволно најадени , никогаш не биле среќни. Израснати во сиромаштија беда и глад.
Оваа мајка заборавила што значи да си сит и најаден. Таа е коска и кожа, седи гладна само децата да имаат да каснат. Ги лаже дека не и се јаде, дека каснала кај соседите , а всушност седи прегладнета. Жената е млада, ама животот го зел данокот. Збрчкана со искршени заби гладна со последни сили се бори за опстанок. Девојчињата се на возраст од 14 и 15 години. Оние кои биле да им однесат малку помош раскажуваат дека во пакетот имало и нови патики.

– Ми се искина душата, детево на 14 години прв пат доби патики во кутија, нови, само за неа и душата се расплака – раскажуваат хумани луѓе кои се подготвени да им помогнат.

Условите за живот им се ужасни. Никакви. Девојчињата никогаш немаат никого викнато дома. Нема тоалет. Се бањаат во корито , а ностат вода во шишиња. Креветите се испокршени, нема мебел, фрижидер, шпорет, машина за перење.

Гладни одат во училиште, гладни се враќаат . Соседите ги помагаат со храна и некогаш ја викаат мајката им некаде на дневница да работи било што.

Верче Крстевска , отец Оливер Петровски, Јована Нановски, Маргарет Курт, се првите кои го открија ова семејство и првите кои ќе помогнат, а ги повикуваат сите хумани граѓани да им се приклучат. Мајката не бара пари бара дома и храна. Хуманитарната организација „Свети Спас” и хуманитарната организација Стопли Срце / Ngrohë zemër/ Warm A Heart ќе ги собираат средстава и донациите.
– Ни требаат молери, плочкари, водоводџии, електричари волонтери за било што. Ни требаат ќебиња , ни треба мебел, кревети, чешма, туш кабина, со еден збор ни треба сите вие да помогнете кој колку може. Потребен е и заболекар кој ќе им ги среди забите и на мајката но и на девојчињата. Кровот протекува , 20, 30 керамиди ќе завршат работа. За неколку дена да се реновира да се добие дом. Да најдеме некоја работа за мајката… “, апелираат хуманите граѓани кои веќе почнаа да собираат помош и да нудат облека и покуќнина за оваа мајка и нејзините гладни чеда.
На апелот за помош се огласи и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кој вети дека ќе обезбеди огрев дрва за семејството да може да ја помине зимата.

За сите што сакаат да помогнат ова е сметката за донации:
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK
Цел на дознака: за семејството во Крива Паланка

извор: Досие

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top