| четврток, 6 декември 2018 |

Два автомобили опожарени утрово кај „Мајчин дом“ во Аеродром

Две патнички возила утринава биле опожарени на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Аеродром. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески изјавил дека во пожарот целосно изгорел едниот автомобил, „шкода фелиција“, а делумно бил опожарен „форд фиеста“.

– За пожарот добивме телефонска дојава и интервениравме од 5.08 до 5.55 часот. Во гаснењето на пожарот учествуваа четири пожарникари со едно возило, рече Томески.

Причинета е материјална штета од 300 илјади денари. Полицијата ќе прави увид.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top