| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од својот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од својот живот во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнала злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top