| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто овој град почна уште од сега да се украсува за новогодишните празници?

Компанијата за комунални услуги во градот Барлад во источна Романија веќе започна со поставувањето на новогодишните декорации кои оваа зима ќе го красат градот.

Иако е септември, овој процес веќе започна бидејќи градот ќе го украсуваат верувале или не само двајца работници, а целиот процес треба да финишира до први декември.

Инженерот и работникот имаат само едно возило за да ја завршат целата работа, а оваа година ќе има 238 нови декорации кои ќе блеснат на 11 километарските улици кои ќе го красат градот.

Градот Барлад има 56 илјади жители, а се наоѓа на обалата на истоимената река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top