| четврток, 6 декември 2018 |

Боатенг: Му се јавив на Мурињо и му реков дека е тешко да се напушти Баерн

Германскиот стопер, Жером Боатенг во текот на летноот трансфер период беше постојано поврзуван со Манчестер Јунајтед, а многумиа очекуваа тој да го напушти Баерн Минхен. Сепак и покрај многуте шпекулации дефанзивецот остана на „Алијанц арена“.

Нико Ковач потенцираше дека нема никаков проблем со тоа и дека останувањето на Боатенг е голем плус за тимот, па сега јасно е дека дефанзивецот повторно ќе има место во стартната постава на германскиот шампион и покрај тоа што кокетираше со ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

– Му се јавив на Жозе Мурињо и му кажав дека пројавениот интерес е голема чест за мене. Му се заблагодарив за тоа што на секаков начин се обидуваше да ме доведе во Јунајтед. Сепак, му објаснив дека многу е тешко да се напушти Баерн, а ако го направам тоа, се треба да биде на свое место во новиот клуб, изјавил Боатенг кој со ова индиректно порачал не видел доволно сериозен проект во она што му го понудил англискиот премиерлигаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top