| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов можеби ќе се прска против комарци

Согласно дополнетото известувањето од Град Скопје – Сектор за комунални работи – за прскање против ларви од комарци и возрасни форми од комарци на подрачјето на Град Скопје, од таму информираат:

1 – Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци ќе се одвива на ден 14.09.2018 година (петок) и на ден 15.09.2018 година (сабота)  во текот на денот;

2 – Терестична дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе започне на ден 16.09.2018 година (недела) и ќе заврши најдоцна до 20.09.2018  година (четврток), во време од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top