| четврток, 6 декември 2018 |

Таки Фити: МАНУ ќе бара да си остане МАНУ!

Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити, истакна оти МАНУ е свесна дека решавањето на спорот морало да биде спроведено преку нужен компромис, кој ќе се постигне доколку нешто дадеме, а нешто добиеме.

– Свесен сум дека прашањето за спорот за името е тешко и болно, рече Фити и додаде оти сѐуште во одредени членови од договорот има спротивставени мислења во самата академија, но нагласи дека алтернативно решение нема.

Посочи оти со договорот е важно дека се зацврстуваат и се гарантираат идентитетот, прашањето на нашиот јазик, културата, традицијата.

Во однос на МАНУ истакна оти има едно прашање коешто се однесува на членот 1 од договорот, во кој се вели дека придавската референца за државата за нејзините официјални органи и другите јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име.

Фити истакна оти ова ќе се однесува и на МАНУ и на други институции, како што се МРТ, МНТ, МОБ.

– Во многу земји институциите се именуваат со придавската референца на државата, рече Фити и додаде дека во овој контекст МАНУ во претстојниот период ќе изврши консултации со експерти, со цел да се утврди дали договорот остава простор за пофлексибилно решение во однос на споменатото прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top