| четврток, 6 декември 2018 |

Коки за разводот: Не го коментирам приватниот живот, напишете што сакате

Деновиве дел од домашните медиуми пишуваат дека музичарот Никола Јанков – Коки, кој беше дел од дуото “Дуле и Коки”, и неговата сопруга Росана се разведуваат. Двојката која повеќе од 10 години е во брак и ја имаат ќерката Лара, наводно решила да стави крај на бракот, а чаршијата на големо бруи дека музичарот веќе и се отселил од нивниот заеднички дом и живее сам во изнајмен стан.

– Не сакам да зборувам за мојот приватен живот, ниту пак сакам да коментирам. Напишете што сакате, изјавил Коки за Вечер Прес.

Сопругата Росана го изјавила истото и потенцирала дека не планира да го коментира својот однос со Коки.

Се разведуваат Коки и Росана

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top