Никол Кидман со години тврди дека за нејзиниот изглед се заслужни здравата исхрана и тоа што се штити од сонце и не пуши цигари.
Холивудската глумица е позната по беспрекорната кожа и порцеланскиот тен. Сепак, нејзиниот изглед на последното јавно појавување падна во очи. На фестивалот во Торонто 52-годишната глумица го покажа лицето без ниту една брчка и делуваше многу неприродно.
Таа со години тврди дека е целосно природна и за нејзиниот излед пред се се должи на тоа што се штити од сонце и не пуши цигари.
– Многу се грижам за себе, многу сум горда што можам тоа да го изјавам – рече таа во една прилика.
Сепак, во 2011 година призна дека пробала ботокс, но не и се допаднал изразот на лицето.
– Пробав многу работи, но ништо не делува толку добро како спорт и здрава исхрана – тврди Кидман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.