| четврток, 6 декември 2018 |

Одлично решение за мобилните телефони смисли скопската гимназија „ЈБ Тито“

Скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ на мошне практичен начин го реши проблемот со носењето мобилни телефони на час. Од оваа учебна година пред почетокот на часот учениците мора да ги остават мобилните на платно со џебови поставено во секоја училница. Идејата е одлично прифатена и од наставниците и од учениците, пишува „Факултети.мк“.

На учениците  им се допаѓа новото правило на куќниот ред.

– Морам да кажам дека на почетокот учениците не беа баш расположени за соработка. Неволно прифатија да ги оставаат мобилните телефони. Но, сега веќе и самите се свесни од придобивките и каков ред всушност имаме. Полесно се учи на часот кога не ги следат мобилните телефони – вели за „Факултети.мк“ професорката по македонски јазик Емилија Величкова.

фото: Факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top