Не секој сака снег и скијање, па доколку оваа зима сакате малку поинаков распуст, ви нудиме пет предлози:
Канарски острови
Без голема конкуреција, Канарските острови се најтоплото место во Европа во текот на есенските и зимските месеци. Сместени длабоко во Атлантскиот океан, покрај крајбрежјето на западна Африка, температурите тука се доволно високи за сончање, а обидете се и да се искапете. Просечната температура е 21 степен Целзиусов, но живата знае да се искачи и до 24, па и повеќе степени. Овој остров нуди толку спектакуларни и драматични пејзажи за истражување, што вреди и сосема набрзина да се спакувате и уште утре да тргнете токму таму, бидејќи Канарските острови никако нема да ве изневерат дури и ако се одлучите за зимски одмор.
Мадеира
Португалскиот бисер на Атлантикот, којшто стана популарен како зимско одредиште за “смрзнатите” Европјани, е вреден за истражување во текот на целата година, а особено е убав да се доживее во зима, токму поради помалиот број на туристи и реалните цени. Главниот островски град Фуншал претставува прекрасна мешавина од модерно и историско, со смртни падини од коишто се пружа величенствен поглед на морето и белите ѕидови на куќичките со црвени покриви. A недалеку од градот ќе најдете црни вулкански песочни плажи на коишто со сигурност апсолутно ќе уживате!
Крит
Најголемиот и најнаселен грчки остров, којшто се наоѓа длабоко во сочневиот Медитеран, во текот на зимските месеци има просечна температура од 17 степени Целзиусови, коишто воедно се искачуваат и до 21 степен. И додека мештаните велат дека тоа е поприлично ладно, за “зимурливите” овие температури претставуваат како вистински “мелем”. Токму тука може да ја доживеете нежната страна на зимата, на бројните пусти плажи, но и во одличните ресторани и барови. Крит е одлична дестинација и за љубителите на историјата бидејќи токму тука се пронајдени остатоците од првата цивилизација на подрачјето на Европа.
Кипар
Малку југоисточно на медитеранот се наоѓа нешто потоплиот Кипар, уште еден од островите на којшто се исплати да се побегне во текот на студените зимски месеци. Температурите тука се движат околу 20-от степен на крајбрежјето, а температурата на морето може да биде приближно иста. Тоа значи дека пливањето во зимските месеци на Кипар со сиурност ќе ви биде пријатно. Во просек, бројот на сончеви часови во текот на еден зимски месец се движи околу бројка од 180 и повеќе, или токму онолку колку што Лондон “добива” во текот на месец мај. Па, што повеќе да се побара среде зима?
Малта
Со слична клима како и онаа којашто владее на Кипар, Малта е една од најдобро чуваните тајни на Европа, често заборавена после летните месеци, што значи дека улиците на главниот град Валета, токму во зимските месеци се поприлично празни. Со температури коишто се движат околу 20-от степен Целзиусов, грстот од сончеви зраци и синото небо, упатете се токму тука ако сакате еден сосема поинаков зимски одмор опкружени со речиси идилично тиркизно море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст