| четврток, 6 декември 2018 |

Професорот Миноски тврди: Сардисани сме од сите страни

 Mihajlo-minovski

Сто го­ди­ни од пот­пи­шу­ва­ње­то на Бу­ку­ре­шки­от до­го­вор – до­го­вор ме­ѓу за­во­ју­ва­ни­те стра­ни во Вто­ра­та бал­кан­ска вој­на, со кој Ср­би­ја, Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја, со по­мош на го­ле­ми­те си­ли, ја по­де­ли­ја Ма­ке­до­ни­ја и ѝ ја скро­и­ја суд­би­на­та ко­ја ја жи­вее до ден-де­нес, македонскиот народ повторно е исправен пред големо искушение. Про­фе­со­рот по исто­ри­ја Ми­хај­ло Ми­носки, кој дол­ги го­ди­ни го про­у­чу­ва овој пер­и­од од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, ве­ли де­ка во исто­ри­ја­та не­ма слу­чај­но­сти и де­ка та­му сѐ е по­вр­за­но. Миноски во интервјуто за неделникот „Република“ зборува за интересите на соседните земји и на големите сили на почетокот на 20 век, но и за импликациите од тој период кои денеска ги живее македонскиот народ. Миноски, исто така, зборува и за тоа што се крие за барањето на Бугарија за потпишување договор за добрососедство, како и за албанско-бугарските и грчко-бугарските релации во однос на Македонија.

(Во продолжение прочитајте дел од интервјуто со професорот Михајло Миноски кое може да го прочитате во 45. број на неделникот Република кој е во продажба)

Про­фе­со­ре, ка­ко го об­јас­ну­ва­те тоа и кол­ка­ва е по­вр­за­но­ста ме­ѓу до­го­во­рот од 1913 го­ди­на во Бу­ку­решт со си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа Ма­ке­до­ни­ја де­нес?

– Исто­ри­ска­та на­у­ка знае, и тоа го по­ка­жа­ла, де­ка не­ма слу­чај­но­сти во она што се слу­чу­ва во исто­ри­ски­те про­це­си, па и кај нас во ре­ги­о­нот, на Бал­ка­нот, и ко­га се ра­бо­ти по­себ­но за Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред тоа, бал­кан­ски­те вој­ни и Бу­ку­ре­шки­от до­го­вор не беа ни­ка­ква слу­чај­на по­ја­ва, ни­ту се ра­бо­те­ше за мо­мен­та­лен ин­те­рес, ту­ку за ед­на дол­го­роч­ност, исп­ла­ни­ра­на и ре­а­ли­зи­ра­на стра­те­ги­ја во­де­на од го­ле­мо­др­жав­ни ам­би­ции на со­сед­ни­те бал­кан­ски др­жа­ви кон Ма­ке­до­ни­ја. Тоа има еден долг кон­ти­ну­и­тет.

Зо­што Ма­ке­до­ни­ја е се­ко­гаш мо­не­та за по­тку­су­ру­ва­ње ме­ѓу го­ле­ми­те си­ли, а ни­ко­гаш не е на стра­на­та што до­би­ва не­што при ре­а­ли­зи­ра­ње­то на ре­ги­о­нал­ни­те ин­те­ре­си?

– Тоа не е слу­чај­но. Ко­га се соз­да­ваа др­жа­ви­те на Бал­ка­нот, тоа бе­ше ин­те­рес на го­ле­ми­те си­ли. Не за­тоа што со сво­ја­та бор­ба бал­кан­ски­те на­ро­ди се ос­ло­бо­ди­ја, ту­ку зад се­кој од бал­кан­ски­те на­ро­ди сто­е­ше го­ле­ма си­ла што има­ше ин­те­рес да се соз­да­де др­жа­ва.

Се пров­ле­ку­ва ли таа по­ли­ти­ка на соседите до ден-де­не­шен?

– Таа по­ли­ти­ка не са­мо што се пров­ле­ку­ва, ту­ку по прог­ла­су­ва­ње­то на др­жав­на­та не­за­вис­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја дој­де до бу­ра. Штом се по­ја­ви не­за­вис­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва, са­мо по се­бе се отва­ра ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње. Се­га ве­ќе се по­ста­ви­ја и се­ри­оз­но беа за­гри­же­ни и ед­ни­те и дру­ги­те и тре­ти­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја се­га, ка­ко не­за­вис­на др­жа­ва етаб­ли­ра­на во ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си, член­ка на Ор­га­ни­за­ци­ја­та на Обе­ди­не­ти на­ции, се ја­ву­ва фа­ктор кој­што утре мо­же да ги за­гро­зи нив­ни­те ин­те­ре­си.

Ка­ко го ко­мен­ти­ра­те ус­ло­ву­ва­ње­то на Бу­га­ри­ја за пот­пи­шу­ва­ње на до­го­вор за до­бро­со­седс­тво во за­ме­на за под­др­шка на евро­ин­те­гра­ци­и­те на Ма­ке­до­ни­ја? Мож­но ли е до­бро­со­седс­тво со упо­тре­ба на си­ла?

– Ова вие што го ве­ли­те „до­бро­со­седс­тво“, тоа е са­мо тер­мин што мо­ра да пос­лу­жи за ре­а­ли­за­ци­ја на се­га акту­ел­на­та др­жав­на по­ли­ти­ка и пра­ша­ње е зо­што се­га е по­ста­ве­но тоа. Има две ра­бо­ти: пр­во зо­што го по­ста­ву­ва­ат и нѐ ус­ло­ву­ва­ат. Ако Ма­ке­до­ни­ја вле­зе со устав­но­то име во ЕУ и во НА­ТО, ра­ди­кал­но се ме­ну­ва по­зи­ци­ја­та ме­ѓу Бу­га­ри­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја и ве­ќе ту­ка има­ме не­ка­ко рам­но­прав­на ос­но­ва и вле­гу­ва­ме со ед­на­ков ста­тус ка­де што тие не­ма­ат ин­стру­мен­ти за при­ти­сок. И се­га му е вре­ме­то да ја иско­ри­стат сво­ја­та по­зи­ци­ја за по­стиг­ну­ва­ње на тие ре­зул­та­ти, исто ка­ко што пра­ви Гр­ци­ја, са­мо со дру­ги средс­тва и дру­га ме­то­до­ло­ги­ја.

Ед­на од спор­ни­те точ­ки на до­го­во­рот, не­о­фи­ци­јал­но, е прос­ла­ву­ва­ње­то на за­ед­нич­ки­те хе­рои од исто­ри­ја­та.

– Е, ток­му тоа зна­чи. Ус­ло­ву­ва­ње­то за­ед­нич­ки, а тие не­ма­ат ту­ка се­ле­ктив­ност. Сѐ што е ма­ке­дон­ско за нив е бу­гар­ско. Ако го сла­виш, тоа зна­чи де­ка при­фа­ќаш де­ка ние сме бу­гар­ски на­род и вто­ра бу­гар­ска др­жа­ва и де­ка по­ра­ди по­ли­тич­ки окол­но­сти, Бу­га­ри­ја не мо­же­ла да се обе­ди­ни. И, ако се две бу­гар­ски др­жа­ви за­ед­но, тре­ба да би­де це­ло­то ми­на­то за­ед­нич­ко и тре­ба за­ед­но да го прос­ла­ву­ва­ме, мно­гу про­ста ло­ги­ка. При­чи­на­та по­ра­ди ко­ја е тоа та­ка е за­тоа што тие има­ат мо­мен­тал­но аду­ти за таа ра­бо­та.

Пре­тсе­да­те­лот на ДУИ, Али Ах­ме­ти, при по­се­та­та на Со­фи­ја одр­жа пре­да­ва­ње за сто­го­диш­ни­на­та од бал­кан­ски­те вој­ни. Со ог­лед на тоа де­ка ва­ква мож­ност е мис­лов­на имен­ка за ма­ке­дон­ски исто­ри­ча­ри, ка­ко Вие гле­да­те на по­те­гот на Со­фи­ја? Ка­ко обид за збли­жу­ва­ње или за зац­вр­сту­ва­ње на до­се­гаш­ни­те ста­во­ви за не­ги­ра­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност?

– Не е прв­пат на збли­жу­ва­ње на Ал­бан­ци­те и Бу­га­ри­те ка­ко по­ли­тич­ки фа­ктор. И пред кри­за­та имав­ме на­ши Ал­бан­ци што одеа во Бу­га­ри­ја за да ги усог­ла­су­ва­ат ста­во­ви­те. Џа­фе­ри на вре­ме­то бе­ше исто та­ка та­му. А, што се од­не­су­ва на Ах­ме­ти, не е ни­што слу­чај­но. Тоа е во кон­текст на це­ли­от при­ти­сок што се вр­ши врз ма­ке­дон­ска­та вла­да, и тоа си­те го зна­ат. И над­во­реш­ни­те фа­кто­ри и стра­те­ги­ски­те под­др­жу­ва­чи. Си­те тие сме­та­ат де­ка се­га Ма­ке­до­ни­ја е во си­ту­а­ци­ја ко­га мо­ра да на­пра­ви от­стап­ки за­тоа што не­ма дру­го ре­ше­ние. Ед­но е си­гур­но, и во исто­ри­ја­та и во ре­ал­но­ста, а тоа е де­ка се­ко­гаш има ал­тер­на­ти­ва и дру­го ре­ше­ние… ќе ви­ди­ме што ќе про­из­ле­зе. Овој на­род во ми­на­то­то и се­га е на­у­чен да жи­вее со по­мал­ку и по­скром­но, ме­ѓу­тоа има не­што што е све­то, а тоа е име­то. За тоа име се да­ва­ле зак­ле­тви и се ги­не­ло, и се­га оста­ну­ва кај ма­ке­дон­ски­от на­род. Име­то е све­то, дру­го­то оста­ну­ва на по­ли­ти­ча­ри­те да­ли тие ќе ги има­ат пред­вид оние по­ра­ки што ги пра­ќа на­ро­дот. Она што во ми­на­то­то ни се слу­чу­ва­ше, да сме сар­ди­са­ни од си­те стра­ни и да има­ме же­сток при­ти­сок од ме­ѓу­на­род­ни­те фа­кто­ри, ни се слу­чу­ва по­втор­но. Ме­ѓу­тоа, не­ма слу­чај­ност, се­то тоа во кон­ти­ну­и­тет е по­вр­за­но за­тоа што ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње се отво­ри по­втор­но. Да­ли са­ка да го приз­нае не­кој тоа или не, се­га е пра­ша­ње да се за­тво­ри, но ка­ко да се за­тво­ри? Ако ние са­ми­те го за­тво­ри­ме ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње за­тоа што не мо­же ни­кој друг над­во­ре­шен фа­ктор да го ре­ши спо­рот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top