| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов си мисли дека е Шојиќ

Можеби мојот светоглед е претесен за да ги собере сите овие помлади и постари советници, виши и нижи референти и токму затоа не ја разбирам потребата од нив, вели актерката Ирена Ристиќ, која преку видеообраќање го изразува својот шок од тоа колку луѓе се вработени во администрацијата на градоначалникот Петре Шилегов. Ристиќ ги споредува луѓето и материјалите со кои располага за нејзината акција #НеБидиЃубре и вработените во Град Скопје.

За сликата да биде појасна, ова е само дел од тимот на Шилегов со новите вработувања, како и нивните функции:

Во новите вработувања две се во поддршка на градоначалникот каде се вработува:

  • помлад соработник за односи со јавноста;
  • помлад соработник за организација на активностите на градоначалникот.

Со претходните одлуки за вработување од декември и март, во секторот за поддршка на градоначалникот беа вработени осум лица и тоа:

  •  раководител на одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните;
  • раководител на сектор за поддршка на градоначалникот;
  • помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалникот;
  • раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот;
  • помошник раководител на сектор за поддршка на градоначаникот;
  • помлад соработник за организација на активностите на градоначаникот;
  • виш соработник за координација на активностите на градоначалникот.

Meѓу 19. нови вработувања се и:

  • помошник раководител на сектор за образование;
  • виш соработник за техничка документација;
  • помлад соработник за административни работи;
  • раководител и помошник раководител на сектор – инспекторат;
  • соработник за остварување на меѓународна соработка;
  • виш соработник за подготовка на материјали и документи;
  • две лица за јавни набавки;
  • обезбедување на објекти;
  • помлад соработник за превод на албански јазик;
  • помлад соработник за евиденција;
  • помлад референт за административно-технички работи.

Градот Скопје планира 94 нови вработувања, и тоа по принципот на соодветна застапеност, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, има законска обврска за доставување годишен план за вработувањата во согласност со градскиот буџет, беше соопштено пред само 3 недели по седницата на советот.

Во образложението на предлог-одлуката за вработувања стои дека Советот на градот Скопје, на седницата одржана на 27 декември минатата година дал согласност за годишниот план за вработување во градот за 2018 година, а биле предвидени 52 вработувања. На седницата, пак, одржана во март годинава беше донесен план за изменување и дополнување на годишниот план за вработување за 2018 година и беа предвидени дополнителни 23 нови вработувања.

Градските власти во меѓувреме согледале дека се јавила потреба од измени и дополнувања на планот во делот кај новите вработувања за дополнителни 19 вработувања. Со тоа, вкупниот број нови вработувања што треба да се остварат во 2018 година, заедно со вработувањата предвидени во годишниот план за вработување за 2018 година, изнесува 94.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top