| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Срамота е со буџетски пари на граѓаните, Владата да ги лаже болните

– Здравиот има 100 желби. Болниот и неговите најблиски имаат само една желба. Но, срамота е, со буџетски пари на граѓаните, Владата да го лаже народот, да се лажат болните, дека ако гласаат ЗА на референдумот за смена на името дека ќе имаат бесплатно лекување во земјите на ЕУ, пишува пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук.

– Прво, Македонија нити со сменето име нема да стане членка на ЕУ пред 2030 година, бидејќи проширувањето веќе не потреба, туку товар за ЕУ. Второ, НЕ, за жал, нема бесплатни лекување ни во Италија, ни во Германија, ни во Грција. Не го потценувајте народот, не ги лажете болните, со нивните оданочени пари!, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top