
– Денеска заедно со мојот тим сме во Кривогаштани од каде што теренските посети ќе ги продолжиме за Крушево. Од она што можеме да го чуеме кај нашиот народ, јасно и евидентно може да се заклучи која беше причината на СДСМ и Зоран Заев ваков тип на прашање да постават за референдум. Односно вакво сложено прашање кое што содржи три елементи во себе. Знаеме и самите дека според Уставот на Република Македонија, прашањето за референдум мора да е еднозначно и да биде јасно дефинирано, изјави при денешната посета на Кривогаштани, Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
– Ние имаме сложено прашање, а причината за сложеното прашање можеме да ја најдеме кај самиот наш македонски народ, откако ќе ги запрашаме во дискусиите со нив. Значи тие категорично го негодуваат овој договор, не го прифаќаат и не се согласуваат по однос на истиот. Знаеме и самите дека под завесата димна, која што ја фрла СДСМ и нивната влада со овој Договор, стојат други работи во позадина, стојат криминалите кои што секојдневно ги прават, стојат плаќањето на школување на децата на министрите во странство, стојат заканувањата на актуелните градоначалници ширум Република Македонија, но ние како народ мораме да издржиме и мораме да се спротивставиме на ова зло кое што се случува моментално во Република Македонија, подвлече тој.
Ѓорѓиевски додаде дека освен овие прашања кои што се поврзани директно со референдумот и прашањето како такво за референдумот, како претставници на партијата се разговара со граѓаните и за актуелната економска состојба и за оние проблеми кои исто така не помалку од прашањето за референдумот ги тиштат граѓаните.
– Гледаме дека се сочуваме со катастрофа во земјоделието. Имаме 0% пораст на БДП, има нула инвестиции во Република Македонија. Гледаме дека буквално државата ни стагнира на секое ниво. Ова мораме заеднички со нашиот народ да го пребродиме, односно да се спротивставиме на овој режим кој што владее моментално во Република Македонија. Да го победиме како таков и режимот и ова зло кое што е надвиснато над Република Македонија и само така како ВМРО-ДПМНЕ заедно со нашиот партнер, со граѓаните ќе можеме Република Македонија да ја вратиме во правилната насока, потенцираше Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


