| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син нападнати во иста вечер во Аеродром

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј. (21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03. часот по полноќ во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А. (21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица.

По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј. (49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top