Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против К.К. (21), К.К. (26) од Дебар, Б.Х. (22), В.Ц. (21) и В.И. (23) сите од Дебар, за сторени кривични дела “тешка телесна повреда”, ,,насилство” и ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.
На 15 јули околу 01.30 часот во Дебар, пред кафе бар на улица “8-ми Септември”, по вербална расправија, првопријавениот физички го нападнал Е.Г. (20) од Дебар, кој бил заедно со неговите другари Б.Ч. (19) и А.О. (21), двајцата од Дебар. По ова, Е.Г., Б.Ч. и А.О., со возило се упатиле кај автоперална каде пристигнале и пријавените кои физички ги нападнале при што на Е.Г. му нанеле тешки телесни повреди, а на другите две лица телесни повреди.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст