| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете што точно значи „патлиџан туризам“?

Досега владееше мислењето дека синтагмата „патлиџан турист“ се однесува на оние туристи кои јадат домашна храна на плажа, односно си ја носат сета храна од дома кога одат на море, најчесто во Грција.

Но, поимот „патлиџан турист“ крие друга вистина и навистина е поразителна.

„Патлиџан туризам“ е најчесто прва асоцијација за летување на Србите во Грција. Иако е се потешко да се внесе многу храна во Грција, во септември се повеќе Срби се упатија на летување во оваа земја.

Но, според туристичките агенти од Србија, поимот „патлиџан туризам“ има сосема друго значење од она што досега го знаевме.

– „Патлиџан туристите“ се најголем проблем за Грците, но и за нас, туристичките агенти. Овој прекар го добивме поради тоа што голем број луѓе, без срам, на летување во Грција во септември тргнува со вреќи пиперки и патлиџани за да спреми зимница во апартманите во Грција. И тоа само за да заштедат дома и да не ја плаќаат струјата која би ја потрошиле! – објаснуваат туристичките агенти, кои им потенцираат на патниците дека не смеат да прават зимници во апартамните во кои се сместени.

Но, туристите остануваат глуви на овие забелешки. Оваа приказна ја потврдуваат и возачите на автобусите.

– Минатото лето две повозрасни жени од Србија носеле со себе вреќи со пиперки и таму правеле ајвар. Кога се обидов да им помогнам да ги внесат куферите во автобус, на враќање од Грција за Србија, не можев да ги подигнам. Беа многу тешки. Кога ги прашав што носат, тие ноншалатно ми одговорија: Тегли ајвар – раскажува еден возач за српските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top