| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиотиците џабе ги пиеме, бекорисни се

Група научници тврди дека пробиотиците, храна која содржи добри бактерии, е бескорисна пренесува „Би-би-си“. Истражувањето кое го спроведел научници од Израел е едно од најдеталните за тоа што се случува во нашиот организам кога ќе ги консумираме пробиотиците.

Пробиотиците се сметаат за здрава и добра цревна флора. Меѓутоа, резултатите покажале дека имаат мало или никакво влијание врз организмот.

Тимот на научниот институт Вајзман направил сопствен коктел од пробиотици користејќи 11 видови бактерии кои се препознаени како добри бактерии, вклучувајќи Lactobacillus and Bifidobacteria. Пробиотикот го пиеле 25 здрави доброволци во период од еден месец. Потоа ги успивале и хирушки земале примероци од повеќе места, од стомачната празнина до тенкото и дебелото црево. Иистражувачите настојувале да воочат места каде бактериите успешно се населиле и дали довеле до некакви промени во активноста на цревата. Резултатите, опишани во списанието „Cell“ покажале дека половина од случаите со добра бактерија влегле низ ушната празнина, но и директно излегле на „другата страна“. Во останатите случаи се задржале кратко во дигестивниот систем пред да ги „прегазат“ нашите сопствени микроби.

Човечкиот дигестивен систем е дом на милијарда бактерии, а секој од нас има и поинаква микробиолошка слика.

Др. Еран Елинав вели дека затоа погрешно е да се очекува дека готовиот пробиотик еднакво ќе делува на се. Рекол дека пробиотиците во иднина ќе мора да се „кројат“ според потребите на индивидуалните пациенти.

– Купувањето пробиотици кои не се скроени по потребите на оној кој треба да ги користи, се поприлично бескорисни – рекл Елинав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top