| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на македонски филмови

Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“, ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември во киното „Синеплекс“. Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001-ва до 2018та година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години. Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Синеплекс и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.

Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат, да ги види големите филмови како „Прашина“, „Мајки“, „До Балчак“, „Исцелител“, „Година на Мајмунот“, „Трето Полувреме“ и други.

Целосната програма може да ја најдете од понеделник (10.09) на веб страната на Синеплекс www.cineplexx.mk/filmovi/kino_programa/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top