Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со американскиот сенатор и претседавач на Комитетот за национална безбедност и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика, Рон Џонсон со кого разговараше за политичките процеси во земјава како и подготовките за реализирање на претстојниот Референдум закажан за 30 септември.
Премиерот Заев го информираше сенаторот дека пред претстојниот Референдум очекува и лидерите на опозицијата да ја прифатат поканата за учество и обединување и дека ќе го повикаат своето членство да излезе и да гласа за остварување на заедничката цел, евроатлантските интеграции.
„Резултатите од реформите се продукт на бескомпромисна политичка волја за трајни реформи. Нашите водечки вредности се демократија, владеење на правото, независни институции и слободни медиуми”, рече премиерот Заев, изразувајќи подготвеност за продолжување на клучните реформи за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на безбедноста и разузнавањето и реформата на јавната администрација, со цел интеграција во НАТО и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст