За Зоран Заев важни и круцијални настани од македонската историја се заеднички со соседна Бугарија.
– Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани и еве денеска заедно и ги чествуваме. Македонија сама си ги чествува, Бугарија дел од нив самостојно ги чествува, но и заедно ги чествуваме. Тоа е дел од заедничката историја – изјави Заев на новинарско прашање на прес-конференција.
-Ден по потпишувањето на договорот со Бугарија ние заедно чествувавме. Јас немам предрасуди дека е дел од заедничката историја, ниту сакаме да земеме нешто од соседите, нешто што го чувствуваат за свој дел од историјата, додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.