На 08.09.2018 година околу 13.30 часот на земјен пат од село Џепчиште, тетовско кон место викано „Џинов камен“ атар на село Џепчиште, од страна на полициски службеници биле сопрени два трактора натоварени со огревно дрво, а управувани од Х.С. и Б.И.(47) двајцата од село Џепчиште. Откако истите биле сопрени, Х.С. искористувајќи погоден момент со задното тркало од тракторот удрил двајца полициски службеници, по што се дал во бегство. Во Полициска станица се приведени Б.И. и А.Ш.(54) од село Јажинце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Х.С. и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


