| четврток, 6 декември 2018 |

Настрада жена при судир на мерцедес и ауди

Во тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Штип – Радовиш животот го изгуби 51-годишната виничанка В.В. Незгодата се случила вчера 19.35 часот на, а во неа учествувале „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управуван од М.В. (54) од Виница и „Ауди“ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.Б. (38) од Струмица.

В.В., која била сопатничка во „мерцедесот“, им подлегнала на повредите во Клиничката болница Штип. На М.В. му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top