Српскиот претседател Александар Вучиќ се откажа од посетата на селото Бање во регионот на Дреница, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на таа област во која се одржуваат протести на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Вучиќ се обиде да го посети селото по споредни патишта, но беше запрен од косовската полиција и вратен назад.
Откако беше запрен од полицијата, српскиот претседател замина кон Митровица, од каде што со жителите на Бање разговараше телефонски.
- Не сум во состојба да дојдам, а уште помалку да ги ризикувам вашите животи – им порачал Вучиќ на жителите на Бање, додавајќи дека не можел да дојде затоа што „тоа не го сакаа властите од Приштина“.
Србија на готовс: Не ме прашувајте што ќе биде ако го нападнат претседателот
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави дека Владата во Приштина била поддржана и од КФОР за одлуката да му се повлече дозволата на Вучиќ за посета на Дреница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


