| четврток, 6 декември 2018 |

Сенаторот Рон Џонсон денеска во посета на Скопје

Американскиот сенатор Рон Џонсон денеска престојува во посета на Скопје. Џонсон во претпладневните часови ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а највена е и средба со Талат Џафери.

Сенаторот Џонсон во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски активности пред претстојниот референдум, на 30 септември. Вчера во Скопје престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел, а изминатите денови беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Џонсон, кој е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност, освен Македонија, ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии. Воедно, тој е и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top