| четврток, 6 декември 2018 |

Противниците на референдумот порачаа: „Среќен роденден Македонијо – Бојкотирам за да не е последен“

„Среќен роденден Македонијо – Бојкотирам за да не е последен“, порачаа противниците на референдумот кои организираа народна прослава која почна на „Школка“ во Градскиот парк, а продолжи пред Собранието на РМ и Порта Македонија.

Претставници на граѓански здруженија се обратија до пратениците во Собранието, Владата и меѓународната заедница и побараа оставка од пратениците и Владата во рок од 48 часа. Во спротивно најавуваат радикализирање на протесите, односно блокирање на патишта и граѓанска непослушност.

Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор во американскиот Сенат, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top