Со културно-забавна програма пред платото во дворот на Владата почна централната свеченост по повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Прославата почна со Петко и 5+ Бенд. Забавно-музичкиот дел за возрасните во 19:30 часот го отвори Огнен Узуновски – Оги со диџеј сет.
Програмата под отворено небо, во дворот на Владата, потоа продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини.
Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Забавно-музичкиот дел ќе трае до 23.30 часот.
Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст