| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз: Две третини од младите ни се функционално неписмени

Дури две третини од младата популација во Македонија е функционално неписмена, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан. Од 70 земји во светот, Македонија се наоѓа на 68. позиција, пред Косово и Доминиканска Република.

Функционалната неписменост подразбира дека лицето умее да чита, пишува и зборува со ограничени и основни вештини, ноv дека нема основно познавање на работење на компјутер, како и разговорно познавање на некој од светските јазици.

Според извештајот, во Македонија 40 отсто од населението не е вклучено на пазарот на трудот, постои голем процент на невработеност кај младата популација и тренд на долгорочна невработеност кај населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top